Јосиф Михаиловиќ: „Големите дела можат да се остварат само со смели и одлучувачки чекори преземени навреме“ (17.11.1939, Скопје). 

Милош Стојковић

Роден е на 15/28. Април 1887 година во селото Тресонче во западниот дел на денешна Северна Македонија. Потекнува од познатите градители, резбари и уметници Мијаци - Реканци, од семејството Јуруковци. Тој е едно од петте деца на таткото Михаило, исто така познат мајстор и зоограф, и мајката Христина, внука на славниот Ѓурчин Кокале од Лазарополе.

Првото образование го добил во Бигорски манастир, а основното училиште го завршил во селото Кучевиште цо скопската околина. По препорака на неговиот учител, Доксим Михајловиќ (по потекло од Галичник), Јосиф добил стипендија од српската држава, што му овозможило да го продолжи образованието во гимназија во Скопје и во Солун, која ја завршил во 1906 година. Тој го продолжи своето образование како државен стипендист на Техничкиот факултет во Белград – смер архитектура, студии кои ги завршува со највисоки оценки. Добива можност да го продолжи професионалниот развој во Италија, Рим во 1910 година, каде се специјализирал романска класична уметност и ренесансна архитектура. Веќе во 1911 година се вратил во Белград и бил дел од проектантскиот тим за проектите на палатите на Српската кралска академија и општината на Град Белград. На почетокот на Првата балканска војна во 1912 година, тој доброволно се придружил на дружината на војводата Доксим и учествувал во познатата Кумановска битка во која на 25 октомври е ранет во главата кај Младо Нагоричане. Војните од 1914 и 1915 година ги поминува во инженерскиот оддел на Врховната команда (генералштаб). Јодиф ги премина албанските планини, во зима 1915/16 година и пристигнува на островот Крф.

Оттаму, на барање на српската влада, тој е испратен, заедно со неколку други образовани експерти, во Соединетите држави да им помогне на воените напори на српската армија на Солунскиот фронт. По завршувањето на војната, останува во Соединетите Држави за понатамошна специјализација и во Ајова се стекнува со научна титула инженер-архитект. Во 1920 година се враќа во Белград, каде работи во компанијата „Феникс„ на проектирање на железничката пруга Ужице - Вардиште, а во 1924 година учествувал во проектирање на железнички мостови во близина на Велес. Во 1926 година тој за прв пат заминува во Англија, а потоа во Париз, каде дополнително ги рафинира своите знаења и усвојува модерни, урбани тенденции - зелени градови, кои подоцна ќе ги примени во Скопје. Неговата експертиза е најдобрата препорака за големиот жупан на Скопската област, Јован Наумовиќ, па така тој во 1929 година тој му предлага на Кралот Александар, Јосиф Михаиловиќ да го назначат за претседател на Градската општина Скопје. И како на еден од најобразованите архитекти да му се овозможи од Скопје да се направи модерен, европски град. На 27. јануари 1929 година и официјално започна неговиот мандат.

Јосиф Михаиловић

Неопходно било прво да ги договори финансиите на градот. Ја основал и Градски штедилница, која издавала поволни кредити на занаетчиите, трговците и предузимачите. Потоа за кратко време изработи современ Генерален урбанистички / регулаторен план на градот (1930 година) - со воздушно снимање и уредување на градскиот катастар. За изработка на катастарот на Скопје, Генералната дирекција на катастарот при Министерството за финансии, ангажирала 450 ученици, геометри од сите средни технички училишта во земјата и 25 асистенти, дипломирани геодети инженери. Организирано на овој начин градскиот катастар е завршен за само шест недели, истовремено со пописот на објектите и населението. Изработката на катастарот и Генералниот регулацинен план во размер 1:500 ја чинеле општината 800.000 динари. Планот зтанал Закон и од тогаш граѓаните добиле можност да градат плански.

Во април 1936 година, Јосиф за кратко ја губи својата градоначалничка позиција поради судир со Милан Стојадиновиќ и намерата да му обезбеди на Скопје евтин извор на електрична енергија , идната хидроцентрала „Свети Андреј“ кај селото Матка. Но 20 февруари. 1940 година се враќа на функција.

На веќе зрели години, 1936 година, Јосиф се оженил со Вукосава Смиjаниќ, родена во Белград.

Во 1938 година, Јосиф и Вукосава ја добиваат ќерката Мирјана Михајловиќ.

Банска управа

Наредната 1939 година се вселуваат во куќа која Јосиф ја проектирал за своето семејство во близина на зградата на Градското собрание и тврдината Кале. Денес, после многу превирања, промени, вселувања на разни функционери по разни основи во оваа куќа е сместена Амбасадата на Албанија.

По компликации предизвикани од операција на слепо црево, на 11 март 1941 година, во 8:15 часот, во Скопје, Јосиф Михајловиќ, умира од сепса на санаториумот „Балкан“. Тој позади себе ја остава сопругата Вукосава, трудна со нивната втора ќерка, која починува како дете и ќерката Мирјана.

Во чест на најголемиот градоначалник што некогаш го имало Скопје, градските советници одлучиле да ја преименуваат улицата каде што бил неговиот дом на Јустинијан, на „претседателот Јосиф Михајловиќ“ и неговата сопруга која останува самохрана мајка да добива финансиска помош од градските власти. На денот на неговиот погреб преку 10.000 скопјани излегле на улиците на градот да му одадат последна почит на својот омилен градоначалник.

Предратни грб Скопља

На Јосиф Михаиловиќ му се доделени многу домашни и странски одликувања: Орден на Југословенска круна II и III степен, Орден на Св. Сава од II, IV и V степен, Орден на Белиот орел V степен и Албанска споменица. Од странските одликувања добитник е на: Француската Легија на честа, полската Polonia Restituta, Чешкиот лав, грчкиот ред феникс II и III ред и други.

Непосредно со неговата смрт, започнува Втората светска војна. Семејството на Јосиф е протерано од нивниот дом и принудено е да живее во помошен објект. За жал до денес не е познато, каде се одмараат земните остатоци од големиот Јосиф Михајловиќ.

Јосиф Михаиловиќ во повоениот период останува заборавен. И до денес обврската на граѓаните на Скопје да му се одолжат останува неисполнета. Скопје мора да му се одолжи и да нуачи да го почитува овој неуморен градител, планер, урбанист, архитект и визионер, без кој не би постоел денешниот современ град.